Претрес во Скопје, пронајдена пушка и муниција, приведено едно лице
На 09.07.2024 во 16.20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(51) од Скопје.
При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една пушка, една рамка за пиштол, 41 куршум и ловен патрон.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.