Рамо до рамо до победа со граѓаните на Кавадарци. Благодарност до кавадарчани за гостопримството, од моето второ семејство СДСМ.
Ги остваруваме стратешките интереси на државата – членка сме на НАТО, а ја остваруваме и втората цел – членство во ЕУ.
Работиме и на внатрешно подобрување на состојбите во државата.
Програмите на СДСМ од 2016 се со 100% реализација!
Затоа сега имаме кредибилитет и можеме да излеземе и да кажеме дека тоа што го предлагаме можеме да го реализираме.
▶️12.000 Стечајци земаат надоместок
▶️Минимална плата 8.560 до 20175 денари
▶️Покачување на социјална помош
▶️Државна социјална пензија
▶️Повраток на ДДВ
▶️Укинување на радиодифузна такса
▶️Враќање на ефтина струја
▶️Укинато екстерно тестирање и Кембриџ моделот
▶️Во делот на инфраструктура, двојно повоќе за 5 години изградивме отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години –
460 км за 12 години наспроти 1400 км регионални и магистрални патишта кои не биле реконструирани 50 години!
▶️Во МВР 80 реконструирани објекти и 4 нови изградби, со ист буџет.
▶️Зголемување на плати во секоја сфера
▶️Земјоделски субвенции 200 милиони евра
Имаме и судир на концепти во државата – на СДСМ и проевропската коалиција со извесна иднина и јасен пат европска перспектива
Вториот концепт на Левица и ДПМНЕ е неизвесност, немаат став за ЕУ.
Да размислуваме со европските вредности – да ја почитуваме државата и едни меѓу други.
Во ЕУ нема можност за губење тоа што е наше. Македонскиот идентитет, македонскиот јазикот се самите граѓани. Цели 500 години не беше земен идентитетот, не може ни сега да се случи тоа. Бугарите во Устав значи дека ние, Македонците, сме посебен народ!