Денеска продолжуваме со „Отворен кабинет“, во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, како уште една активност согласно концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“.
Искрено верувам дека партнерството меѓу полицијата и граѓаните треба да го насочиме и на микро ниво, бидејќи граѓаните најдобро ги знаат предизвиците со кои се соочуваат во својата заедница. Секако, и средбите со раководствата на секторите и одделенијата за внатрешни работи се одлична можност заеднички да ги разгледаме реализираните активности, постигнатите резултати и да ги маркираме целите за следниот период.