Спасовски и Тасевски заедно со студентите од Факултетот за Безбедност

Денес, заедно со министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, државната секретарка г-ѓа Магдалена Несторовска, ректорот на Универзитетот “Св Климент Охридски“ Битола, проф. д-р Игор Неделковски, Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски, проректорите , професорите и претставници од Амбасадата на САД и Мисијата на ОБСЕ го посетивме Кампот за обука на МВР во Лазарополе каде што студенти од Факултетот за бесбедност – Скопје, реализираат практична настава – логорување. Притоа, од страна на студентите беше реализирана показна вежба.

На настанот, Деканот Дујовски, во свое и во име на студентите и вработените на Факултетот за безбедност – Скопје, ни додели благодарници за долгогодишна соработка и поддршка за успешна реализација на акивноста логорување.
Воедно, заедно со присутните гости и студентите од Факултетот за безбедност се дружевме на логорскo кафе, каде што од страна на Офицерот за безбедност при Амбасадата на САД, Мајкл Кернс, како и од Шефот на Оддел при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Јурај Смолек, беше изразено задоволство од долгогодишното партнерство и соработка со МВР, а особено беше истакната благодарност за соработката од страна на министерот Спасовски.