Во текот на вчерашниот и денешниот ден,заедно со Ветон Кранлиевски, началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал остваривме работна средба на Француската Национална Полиција, во Париз.
На денешната средба со Заменик генерален директор на националната полиција Селин Бертон, Директор за меѓународна полициска соработка и безбедност Софи АТТ, Национален директор за територијално разузнавање Бертранд Шамуло, Заменик национален директор на криминалистичка полиција Филип Шадрис, Шеф на одделот за меѓународни и европски прашања Тиери Деуилд, каде одржавме презентација на работата и улогата на полицијата регулирана со Законот за полиција при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, при што по завршувањето на презентацијата беше потенцирано за досегашната добра соработка и спремноста од двете страни за продолжување на истата со уште поголем интензитет.

