Покана до медиуми

Покана до медиуми

Почитувани,
Ве известуваме дека утре, понеделник (19.02.2024) со почеток од 12.00 часот, ќе се одржи ,Свечена церемонија по повод одбележувањето на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.

Свеченоста ќе се одржи пред објектот на Одделот за заштита на определени личности и објекти.
Претставниците на медиумите да бидат на локацијата најдоцна до 11.45 часот.

На настанот официјални обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и началникот на Одделот за заштита на определени личности и објекти Александар Нацевски.

Ве покануваме со вашиот медиум да го проследите настанот.
Со почит