Спасовски:33 години СДСМ не се откажува од иднината!

33 години СДСМ не се откажува од иднината!

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија е вграден во темелите на современата македонска држава, социјалдемократскиот код на нашето општество е двигателот на државата кон нашата иднина – ЕУ.

Низ годините бевме исправени пред бројни предизвици кои ги надминавме со ум и со срце и влеговме во длабоки промени, за слободна, современа, прогресивна и европска Македонија, за која одлучно продолжуваме заедно и од која не се откажуваме. Бидејќи, создадовме партија која е отворена за сите граѓани со концептот Едно општество за еднакви можности за сите.

И сите заедно, денеска, и утре и секој ден, ја испраќаме силно пораката, дека СДСМ ги чува демократијата и слободата во државата!

Со СДСМ Македонија има европска иднина!
Нема да се откажеме од европска иднина за сите!

Да живее СДСМ!

Да живее европска Македонија!