Спасовски:Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен – најцрниот ден во историјата на македонската демократија.

Денешниот ден 27 април не смее да биде заборавен – најцрниот ден во историјата на македонската демократија.

На 27 април 2017 година се случи напад на Собранието, со план да се убијат пратеници, новинари и не дозволуваме никако насилниците да се нарекуваат уставобранители или да бидат помилувани и да им простено за стореното.

Многу е важно да разбереме сите дека овој десничарски режим во тоа време направи удар врз Уставот, државата и демократијата. Важно е да знаеме дека ваквиот пристап на една политичка партија може да ја сруши демократијата и слободата на граѓани и државата.

Затоа, треба да излеземе масовно на изборите и да гласаме за СДСМ и коалиција, затоа што на 8 мај треба да се одлучи да не се вратат настаните од 27 април.

Како што не се откажавме тогаш, не се откажуваме ни сега!