Превентивна активност на СВР Куманово за спречување на врсничкото насилство

Превентивна активност на СВР Куманово за спречување на врсничкото насилство

Изминатиот викенд во Куманово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за детско престапништво и претставници од повеќе институции организираа тркалезна маса на тема „Вклученост на институции во превенција на врсничко насилство“.
Целта на активноста беше со зголемена комуникација и координација помеѓу институциите да се влијае на спречување на физичкото и сајбер насилство помеѓу децата. Исто така, беа договорени низа на мерки кои ќе бидат преземени во наредниот период за сузбивање на ваквите појави.