Отворање на промотивниот Штаб на СДСМ за победа на европската иднина!
Во овие 100 дена, со заеднички напори можеме да го направиме следниот голем чекор кон европската иднина. Ќе покажеме дека СДСМ како основоположник на европскиот фронт е двигателот кој ја води нашата земја кон ЕУ.
Нашата понуда е продолжување на растот на платите, подобар животен стандард и европски вредности. ДПМНЕ нуди враќање кон криминалот, корупцијата, мали плати и пензии, неизвесност за граѓаните и изолација на државата.
На фер, слободни и демократски избори граѓаните ќе ја изберат европската опција на СДСМ!
Заедно, со двојна победа кон европска иднина!