Средба на гувернерката со претседателката на АСО: Финансиската стабилност е заеднички приоритет

🤝Средба на гувернерката со претседателката на АСО: Финансиската стабилност е заеднички приоритет

👉Блиската соработка помеѓу финансиските регулатори игра значајна улога во зачувувањето на финансиската стабилност, особено земајќи ги предвид глобалните неизвесности и ризици. Со постојан координиран надзор и навремена размена на информации, регулаторите можат подобро да ги предвидат и да се справат со потенцијалните предизвици за финансискиот систем. Таквата соработка обезбедува ефективно спроведување на макропрудентните мерки, ја зајакнува отпорноста и придонесува за одржлив економски раст.

📌Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и новоназначената претседателка на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Ели Дракуловска, која воедно е и нов член на Комитетот за финансиска стабилност.

🔗: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-28012025.nspx